
Естетска стоматологија
Козметската (естетска) стоматологија е гранка на стоматологијата чии што третмани имаат за цел да ги подобрат бојата и формата на забите и гингивите.

Естетската стоматологија е гранка на стоматологијата преку која стоматологот со своите вештини и техники влијае во подобрување на изгледот на насмевката, формата, бојата, поставеноста и големината на забите, како и нивното севкупно здравје и функција.
Постојат многу достапни стоматолошки процедури кои се однесуваат на естетската стоматологија, специјално дизајнирани за подобрување на изгледот на забите. Тука спаѓаат третманот за избелување на забите, оформување на гингивата (гингивектомија), естетските пломби, ламинатите и коронките. Комбинацијата од сите овие техники влијае и ја подобрува формата и бојата на забите.
Со цел да откриеме кое е вистинското решение за Вас, потребно е да закажете консултативен преглед. Изгледот на Вашите заби и она што сакате да го постигнете со третманот, ќе му помогне на стоматологот да одреди кое е најдоброто решение за Вас.
Дознајте повеќе за процедурата во „Што да очекувате“ и „Често Поставувани Прашања“
Постојат многу достапни стоматолошки процедури кои се однесуваат на естетската стоматологија, специјално дизајнирани за подобрување на изгледот на забите. Тука спаѓаат третманот за избелување на забите, оформување на гингивата (гингивектомија), естетските пломби, ламинатите и коронките. Комбинацијата од сите овие техники влијае и ја подобрува формата и бојата на забите.
Со цел да откриеме кое е вистинското решение за Вас, потребно е да закажете консултативен преглед. Изгледот на Вашите заби и она што сакате да го постигнете со третманот, ќе му помогне на стоматологот да одреди кое е најдоброто решение за Вас.
Дознајте повеќе за процедурата во „Што да очекувате“ и „Често Поставувани Прашања“
ЛАСЕРСКО ПОДИГНУВАЊЕ НА НЕПЦЕТО (ГИНГИВЕКТОМИЈА)
Прв преглед
При консултативниот преглед, нашите доктори ќе направат орален преглед на непцата и забите, како и потребни рентген снимки, ќе ја прегледаат Вашата медицинска историја и ќе се направат сите потребни дијагностички тестови за да се одреди дали сте кандидат за некоја од нашите козметски процедури. Со помош на овие информации ќе се направи индивидуален план на терапија за Вас.
Што да очекувате пред третманот
Во деновите пред процедурата, треба да ги исчистите забите професионално во стоматолошката ординација. Ако примате некаква редовна терапија, нема потреба да правите никакви измени бидејќи ласерското подигнување на непцата е неинвазивен третман.
Исто така, би Ви препорачале да имате лесен оброк пред процедурата, бидејќи нема да можете да јадете веднаш потоа.
Што да очекувате за време на процедурата
Иако повеќето стоматолози ја изведуваат оваа процедура со сечење и шиење на непцето, нашите доктори користат медицински ласер кој значително ја намалува болката, ризикот од компликации и времето на заздравување при оваа процедура. Прво, локална анестезија се аплицира на местата каде се изведува интервенцијата. Откако таа ќе почне да делува, докторот нежно и прецизно ќе отстрани мали делови од непцето. Ласерот, освен што отстранува дел од ткивото, во исто време ги затвора крвните садови во преостанатото ткиво, со што значително се намалува крварењето и нема потреба од шиење. Со добра стручност и прецизно око, стоматологот ќе отстрани онолку ткиво колку е потребно да се истакне убавината и симетријата на Вашата насмевка со комплетно природен изглед. Потребното време за интервенцијата зависи од тоа колкав дел треба да се контурира. Повеќето пациенти завршуваат за помалку од еден час.
Што да очекувате по процедурата
Иако ласерот значително го намалува времето потребно за заздравување и отокот, сепак ќе треба да се придржувате до некои основни упатства за нега по интервенцијата за да ткивото зарасне правилно. Може да имате чувствителност и нелагодност. Тие може да се третираат со аналгетици како ибупрофен.
Повеќето пациенти имаат блага нелагодност во период од неколку дена. Ако болката е многу јака или трае подолго од една недела, или ако имате значителен оток или крварење, јавете се кај Вашиот стоматолог.
Ова се неколку совети кои ќе Ви помогнат раната да заздрави полесно:
•Не треба да јадете и пиете додека сосема не престане ефектот од анестезијата.
•Јадете мека храна. Избегнувајте крцкави, тврди и зачинети јадења.
•Избегнувајте вода за плакнење на устата со алкохол.
•Држете се до редовната рутинска хигиена, но четкајте нежно во деловите каде е изведена интервенцијата.
•Бидејќи пушењето и продуктите со тутун го забавуваат зараснувањето, треба да ги избегнувате најмалку 2 дена.
•Одморот е секогаш многу важен дел од заздравувањето.
ЕСТЕТСКИ ПЛОМБИ
Естетските пломби се индицирани во одредени ситуации кога пациентите имаат кариес на предните заби, поголеми простори помеѓу забите (дијастеми), или кога е потребно ремоделирање на забите за да се направат тие посиметрични, да се промени нивната форма итн. Овие пломби се многу слични со обичните пломби кои се ставаат на забите по отстранувањето на кариес, но нивната хемиска структура е малку поинаква и модифицирана е за да ги задоволат естетските критериуми.
Во ситуации каде нема кариес на забите, забите остануваат интактни и не се отстранува воопшто забна структура, со што процедурата е безболна и удобна за пациентот. Затоа стоматологот не аплицира никаква анестезија бидејќи не се очекува да има болка, што е единствената разлика во протоколот на санација на кариозни и некариозни заби. Во одредени случаи се поставува кофердам (гумена заштита) за да се изолираат забите од контаминација со течности за време на интервенцијата. Откако ова ќе се направи, забите се подготвуваат и пломбите се поставуваат на нив. Откако пломбите ќе се полимеризираат со специјална светлина, се полираат, за да се постигне природен изглед.
Треба да се знае дека после поставата на пломби, пациентот не смее да гризе цврста храна како јаболки, кикирики, бобинки, месо итн. Ова е многу важно, бидејќи естетските пломби се направени од композит (тип на пластика модифицирана за стоматолошка употреба) и може лесно да се скршат доколку има појак притисок на тие заби.
ПОРЦЕЛАНСКИ ЛАМИНАТИ
Прв преглед
Пред да се започне со оваа процедура, мора да дојдете на консултација со Вашиот стоматолог за да се одреди дали ги исполнувате потребните критериуми. Мора да знаете дека третманот со ламинати не е соодветен за секој пациент.
Ако Вие и Вашиот стоматолог одлучите дека ламинатите се најдобрата опција за да ја добиете насмевката за која сте сонувале, следува дизајнот на дефинитивните ламинати. Заедно со стоматологот ќе одлучите која е најдобрата форма, должина, ширина и боја за новата насмевка.
Тек на процедурата
Целиот процес генерално може да трае од неколку дена до неколку недели, за секој случај индивидуално, па можеби ќе се потребни неколку посети. Откако ќе го одредите дизајнот на ламинатите, започнува третманот. Стоматологот ќе Ви понуди да се изработат привремени ламинати за да може да ја видите формата на Вашата идна насмевка директно во устата. Некогаш е потребно да се направи и ласерски третман на непцата пред да се започне тртетманот за непцето да има соодветна форма.
Третманот започнува со оформување на Вашите природни заби, кои треба да се припремат за постава на ламинатите. Се зема мерка од устата, која се користи за да се изработат ламинатите индивидуално за Вас. Кога ќе бидат готови, се поставуваат трајно на Вашите заби. Ова вообичаено се одвива во посебна посета.
Нега по интервенцијата
Предноста кај ламинатите е што одржувањето на истите не бара промена на навиките кои сте ги имале претходно, па може да го следите истиот режим кој сте го имале за Вашите природни заби. Четкајте и користете забен конец секој ден, и посетувајте го стоматологот редовно за прегледи и чистење на забите. Ако правилно се грижите за нив, ламинатите може да траат и цела декада, па дури и повеќе! Стоматологот исто така ќе Ви даде заштитна фолија која треба да ја носите навечер додека спиете за да ги заштитите ламинатите, како и природните заби од абразија.
Неколку совети за грижа на Вашите нови ламинати:
•Кога се работи за чистење на ламинатите, третирајте ги како Вашите природни заби. Бидејќи дел од природниот заб е сè уште видлив, мора да ги четкате забите најмалку два пати дневно и да користите неабразивна паста за заби со флуор;
•Бидете внимателни каква храна јадете со ламинатите. Намалете со обоена храна како кафе, вино и темни газирани сокови. Ако сакате да уживате во ваква храна, темелно исчистете ги ламинатите веднаш потоа. Бидејќи тие се направени од вештачки материјал, имаат одредена отпорност кон дамките, но не треба да ризикувате и да мора да ги менувате предвреме заради промена во бојата;
•По одредено време ќе мора да ги замените ламинатите со нови. Просечниот животен век им е од 7 до 12 години, зависно од тоа колку добро се грижите за нив и колку често посетувате стоматолог. Бруксизмот (шкрипење со забите), значително го намалува животниот век на ламинатите.
Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.

