
Белење на забите
Белењето на забите претставува процес на менување на бојата на забите, надворешно односно внатре во забот, што резултира во блескава и бела насмевка, изведено во ординација од страна на професионалец.

Белењето на забите е третман со кој забите добиваат посветла боја. Тоа не може да ги направи забите премногу бели, но може да ја осветли постоечката боја за неколку нијанси.
Постојат повеќе методи за белење на забите, вклучувајќи пасти за заби, течност за плакнење на устата и слични продукти кои ги отстрануваат површинските дамки на забите за многу мала цена. Но, за долготрајни резултати, најдобрата опција е професионалното белење.
Белењето на забите како козметска стоматолошка процедура е ефективен начин да се осветли природната боја на Вашите заби без отстранување на забната структура. Процесот на белење во нашата ординација се одвива во 2 посети кои траат околу час и половина. Во овој период, средството за белење кое се состои од 38% карбамид пероксид навлегува во површинскиот слој на забната глеѓ и ги осветлува внатрешните течности и забната структура со што забите стануваат побели и посјајни. Оваа процедура е сосема безбедна и не ги оштетува забите доколку ги исполнувате потребните критериуми за оваа интервенција.
За повеќе информации, прочитајте во деловите “Што да очекувате” и “Често поставувани прашања”.
Прв чекор
Првиот
преглед е иницијална консултација за да се утврди дали сте Вие прифатлив
кандидат за белење на заби. Доколку имате чувствителни, тенки и/или
транслуцентни заби, можеби оваа процедура не е најсоодветна за Вас.
Втор чекор
Кога
ќе се потврди дека може да се отпочне со процедурата, стоматологот ќе направи
професионално ултразвучно чистење на Вашите заби и непца, со цел отстранување
на плакот и останатите наталожени материи и пигментации. Оваа процедура е
кратка и вообичаено е дел од регуларен програм за одржување на оралното здравје. Овој процес може да доведе до корегирање на бојата на Вашите заби,
ослободувајќи ги од меките и цврсти наслаги.
Трет чекор
Стоматологот
ќе направи дополнителни иследувања и клинички преглед на Вашите заби за да се
исклучат дополнителни можни проблеми како микропукнатини на забите и рецесии
(повлекување) на гингивите, што може да доведат до
иритација при процедурата на белење. Потоа, стоматологот ќе направи фотографии
од забите за да се утврди бојата на истите.
Четврт чекор
Откако
е одредена бојата на забите, ќе биде поставен ректрактор за образи и усни за
комплетно да бидат експонирани забите во текот на процедурата. Потоа докторот
ќе ја покрие гингивата со гел што се стврднува и ќе ја заштити од иритација од
средството за белење. Потоа, средството за белење се аплицира на површините на
забите и се остава да делува 20-30мин, а може и да се повтори неколку пати во
зависност од видот на средството за белење и препораката на производителот.
Додека средството делува, истото може да се експонира и на ласерска светлина за
интензивирање на резултатот. Откако сè ова ќе се заврши, средството ќе се испере, заштитниот слој ќе се отстрани и
забите ќе се премачкаат со гел за намалување на чувствителноста.
Одржување на резултатот
Бојата
на забите непосредно по интервенцијата може да Ви изгледа побела, па ќе треба да причекате бојата да се стабилизира неколку
дена за да ги видите вистинските резултати. Доколку чувствувате дека сакате
уште побели заби, може да имате дополнителна сеанса на белење. Исто така може
да користите средства за домашно белење на заби, за
одржување на постигнатите резултати. Доколку
сте пушач, консумирате обоени пијалоци, како црвено вино, чаеви, кафе, кои
може да доведат до побрзо пребојување на Вашите заби, препорачливо е да ја
повторувате постапката на белење на заби кај стоматолог.
Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.

