Ендодонција
Ендодонција е област од стоматологијата која се бави со лекување и третман на случаи кај кои девитализацијата на забите, односно “вадењето на нервот” се единствена можна терапија. Ова се случува кога како последица на напреднат кариес или траума на забот доаѓа до заболување на забниот нерв.

Зборот ендодонција потекнува од грчките зборови „endo“ што значи „внатре“ и „odont“ што значи заб. Попрецизно, ендодонцијата претставува гранка во стоматологијата која се фокусира на третман на забната пулпа. Забната пулпа се наоѓа во внатрешноста на забот и се состои од сврзно ткиво, крвни садови, нерви и специјални клетки познати како одонтобласти.
Ако забната пулпа или нерв е оштетен или инфициран неопходен е ендодонтски третман на забот. Оваа иреверзибилна штета на нервот може да биде резултат на различни фактори, како кариес, траума, повеќекратно пломбирање на забот и сл. Ендодонтскиот третман на забот се состои од отстранување на целокупната пулпа од каналниот систем на забот, чистење, дезинфекција и оформување на каналите и на крај, исполнување на каналите со трајно полнење. По лекувањето на забот, потребно е истиот да се заштити со порцеланска коронка, бидејќи лекуваниот заб е поподложен на фрактури.
За повеќе информации, прочитајте во „Што да очекувате“ и „Често поставувани прашања“

Прв
преглед
Пациентите првично се јавуваат на стоматолог заради изразена или умерена болка и оток, или стоматологот им образложил дека имаат потреба од ендодонтски третман на некој заб за време на редовен преглед, во случаите каде нема болка. Ако изразена болка e присутна, докторот прво аплицира локален анестетик за да ја елиминира болката и потоа започнува со потребните интервенции. Во одредени ситуации, може да се препишат антибиотици и аналгетици. Потоа, пациентот се закажува за втора посета. Но, во некои случаи кога пациентите немаат симптоми, целиот ендодонтски третман може да се изведе во една посета. За време на третманот, докторот ќе направи и рентген снимки кои се неопходни.
Вторa посета
Во оваа фаза од третманот, докторот ги оформува каналите на забот и темелно го чисти и дезинфицира забот. Во оваа фаза не се очекува да има болка, но мала чувствителност можно е да се јави и во тој случај може да се аплицира локален анестетик. Зависно од тоа кој заб се лекува, потребен е различен временски период за завршување на оваа фаза. Некогаш, доколку докторот може да ги оптурира каналите во оваа фаза, ендодонтскиот третман може да заврши со само 2 посети.
Дополнителни посети
Зависно од дијагнозата, за некои хронични инфекции потребни се повеќе посети за да забот може соодветно да се третира. Хронични периапикални процеси може да се лекуваат од неколку недели до неколку месеци, бидејќи многу е важно да се видат подобрувања на состојбата на рентгенска снимка пред дефинитивна оптурација на забот. Вакви видливи радиолошки промени се очекува да се појават во период од неколку недели до неколку месеци.
Завршна посета
По полнењето на каналите, пациентот се закажува за надоградба на забот со фибер-глас колче. Ова вообичаено се прави по 24-48 часа, но не претставува проблем да се направи и по повеќе дена или неколку недели. При надоградбата, едно или повеќе фибер-глас колчиња се поставуваат во каналите за да ја зголемат цврстината на забот, кој нормално станува послаб и кршлив откако ќе се отстрани нервот. По надоградбата, се поставува и пломба, а на повеќето ендодонтски третирани заби треба да се постави коронка за да забот се заштити од можни фрактури.

Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.