Dental Clinic Margita Smileva
LinkedInInstagramFacebook
mk|en
  • За Нас
  • Услуги
  • Блог
  • Контакт
Dental Clinic Margita Smileva
mk|en
  • За Нас
  • Услуги
  • Блог
  • Контакт
FacebookInstagramLinkedIn

Реставративна стоматологија

Реставративната стоматологија е област на стоматологијата која се занимава со надоместување на структурата и функцијата на изгубени делови од забите предизвикано од кариес односно траума.
“Реставративна стоматологија” е термин кој професионалците го користат за да објаснат како ги заменуваат забите кои недостасуваат или се оштетени. Пломби, инлеи и онлеи, коронки, мостови и импланти се најчестите опции за реставрација. Целта е да се врати (да се рестраврира) природната насмевка, да се корегираат проблеми со загризот и да се спречат проблеми со оралното здравје во иднина.

Најчестиот начин на кој се надоместуваат оштетените заби е со директни композитни пломби. Во случаи каде забите имаат различни проблеми како кариес, структурни оштетувања како абразии, ерозии, истрошени заби, простори помеѓу нив итн., пломбите се индицирани за да се изврши корекцијата. Овие пломби можат да бидат од композит, гласјономер цемент или компомери – материјали кои се мешавина од двете. Амалгамот е исто така материјал кој се користел за директна реставрација во минатото, но не е толку чест денес заради естетскиот недостаток.

Од друга страна, забите кои имаат поголеми дефекти најдобро е да се реставрираат со индиректни реставрации кои вклучуваат инлеи и онлеи. Тие се сметаат за “индиректни” пломби, што значи дека се изработуваат надвор од устата (во дентална лабораторија) и потоа се поставуваат на забот од страна на стоматологот; во споредба со “директните” пломби, кои се поставуваат во кавитетот на забот од страна за стоматологот во само една посета. Инлеите и онлеите може да се изработат од различни материјали, вклучувајќи порцелан, композит, злато или други метали.

Коронките, мостовите и денталните импланти се посебно објаснети во други секции. Дознајте повеќе во деловите “Што да очекувате” и “Често поставувани прашања
Погледни ги сите услуги

Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
  • За Нас
  • Услуги
  • Блог
  • Контакт
Dental Clinic Margita Smileva
+389 2 3178 650
+389 70 579 834
+389 78 555 444 (Viber)
Адреса: Ганчо Хаџипанзов 18, Скопје 1000
info@dentalclinic.mk
360° Virtual Tour
Google Map
Facebook
Instagram
LinkedIn

Политика за приватност

Copyright © 2026, Dental Clinic Margita Smileva