Протетика
Протетиката е гранка на стоматологијата што се занимава со дизајн, изработка, упасување на артефицијалните надоместоци како коронки, мостови, ламинати, протези.

Протетиката е гранка на стоматологијата која се занимава со надоместување на делови од заби, изгубени заби, поврзани меки и тврди ткива, користејќи различни видови на протетски надоместоци (коронки, мостови, протези), кои може да бидат фиксни односно мобилни или да бидат носени од импланти.
Фиксната протетика е гранка на општата протетика која ги реставрира забите употребувајќи коронки, мостови, онлеи, инлеи и ламинати. Сите погоре споменети протетски надоместоци се изработуваат во заботехничка лабораторија врз модел добиен од отпечаток од устата на пациентот, изработен од страна на протетичарот. Забот/забите се препарираат (стругаат) од страна на протетичарот и се зема отисок за да се регистрира оваа препарација, а потоа, истиот се праќа во лабораторија заедно со детални инструкции од докторот. Потоа, забниот техничар го изработува посакуваниот протетски надоместок според прескрипцијата на докторот. Истата се враќа во ординација, каде докторот ја пробува во устата на пациентот. Доколку се неопходни извесни корекции, повторно се враќа во лабораторија. Готовиот продукт на крај се цементира во устата на пациентот со различни типови на цементи.
Коронка претставува ,,навлака‘‘ која го покрива забот. Различни материјали може да се користат за изработка на вакви протетски надоместоци во зависност од барањето односно потребата за естетика/функција, желбата на пациентот и состојбата на забалото. Тие може да бидат изработени од метал-керамика, титаниум-керамика, циркониум, литиум дисиликатен порцелан, композити итн.
Мостовите се дентални реставрации кои се користат да надополнат празен простор поради изгубен заб. Соседните заби се користат за да го ,,носат‘‘ забот кој недостасува. Различни дизајни и материјали се користат во изработката на мостовите во зависност од големината на празниот простор, естетика, функција.
Мобилната протетика се занимава со протези кои ги надоместуваат меките ткива и забите кои се изгубени. Тие може да ги надоместуваат сите изгубени заби (тотални протези) или доколку недостасуваат неколку или повеќе заби (парцијални протези). Може да бидат изработени исклучиво од акрилат или комбинација на метал и пластика (акрилат).

КОРОНКИ
Прва посета
За време на првиот преглед, стоматологот ќе Ви постави прашања за тоа што сакате да промените, што најмногу Ви пречи и што би сакале да подобрите во Вашата насмевка. Вашите одговори играат клучна улога во одредување и планирање на процедурата и одбирање на материјалот кој ќе се користи. По дефинирање на деталите, стоматологот ќе изврши професионално чистење и подготовка на гингивата. Понекогаш неопходно е да се направи ендодонтско лекување на одреден заб за да бидеме сигурни дека нема да се појави проблем по поставувањето на порцеланските заби. На крајот на оваа посета, се закажува термин за започнување со процедурата.
Што да очекувате во текот на процедурата?
Стоматологот започнува со препарација на забот што претставува селективно состружување на забот, потребно за обезбедување на простор за изработка на коронката. Доколку се препарира витален заб, потребна е апликација на локална анестезија за спречување на појава на болка. По препарацијата на забот, потребно е да се земе отпечаток со цел изработка на копија на ситуацијата од устата врз која забниот техничар го изработува трајниот заб следејќи ги инструкциите на стоматологот во однос на формата и бојата на забот. Привремена пластична коронка ќе биде изработена и поставена истиот ден.
Што да очекувате по процедурата?
По препарацијата на забот, истиот ќе биде заштитен со пластична коронка која ќе го штити од надворешни влијанија и ќе Ви овозможи нормално да јадете во наредните неколку дена, период кој што е потребен да се изработи трајната коронка. Исто така убаво е да бидете претпазливи додека јадете со пластичниот заб, бидејќи тој е подложен на кршење. Во односно на можните болки, не се очекува да чувствувате болка за време на овој период.
Последна посета
За време на оваа посета, трајната коронка се поставува врз забот и се проверува дали формата и бојата ги задоволуваат потребните критериуми. Доколку е потребно, може да се извршат минимални промени пред стоматологот дефинитивно да ја постави коронката.
ДЕНТАЛНИ МОСТОВИ
Денталните мостови во суштина се изработени од повеќе коронки коишто се поврзани меѓу себе со цел да се надомести изгубен заб. Денталните мостови можат да бидат метал-керамички или безметални а целата процедура во нивната изработка е идентична како за денталните коронки.
ПРОТЕТИКА ВРЗ ИМПЛАНТИ
Прва посета
Четири до шест месеци по поставувањето на имплантот, време кое што е потребно за стабилизација на имплантите во внатрешноста на коската, стоматологот ќе започне со протетската процедура. За време на првата посета, се поставува гингиво формер врз имплантот кој треба да стои две недели за гингивата правилно да се оформи пред земањето на отпечаток.
Втора посета
За време на оваа посета, стоматологот ќе земе отпечаток врз имплантот кој се праќа во заботехничка лабораторија каде се изработува денталната коронка/мост.
Последна посета
Во оваа фаза, денталната коронка или мост се поставуваат врз имплантот и се проверува бојата, формата и односот со соседните заби. Можни се минимални корекции пред трајното поставување.
Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.