Денталната клиника д-р Маргита Смилева е основана во 2006 година како специјалистичка ординација по ортодонција. На самиот почеток, уште при нејзиното основање, Д-р Маргита заедно со нејзината долгогодишна соработничка и десна рака Д-р Алики Лазаревска, ја започнуваат оваа успешна приказна која трае и расте и ден денес. Со две стоматолошки столици и целосно различен лик од денешниот, ординацијата работи се до 2010-та година. Во тој период, континуираниот пораст на пациенти, ја наметнува потребата од проширување на тимот како и на дејностите со што ординацијата од ортодонтска се трансформира во мултидисциплинарна стоматолошка клиника. Со цел да се задоволат потребите и успешно да се справи со професионалната проблематика, ординацијата комплетно се реконструира во 2010-та година и добива современ изглед, броејки четири стоматолошки столици, нов и модерен дигитален рентген како и уште неколку современи стоматолошки апарати и машини. Но како и на секаде, така и тука, особено кога станува збор за стоматолошка ординација која се труди да биде во постојан чекор со современите трендови и новитети, ординацијата повторно доживува позначајна реконструкција во 2017-та година, со отворање на уште едно работно место, така што сега има вкупно 5 работни стола. Притоа една од единиците се заменува и се поставуваат две нови Kavo работни единици, како и Zeiss микроскоп, кој им овозможува на докторите да работат многу потемелно и далеку попрецизно со цел постигнување на врвни резултати од областа на ендодонцијата, протетиката и конзервативната стоматологија. Сето ова налага тимот постојано да претрпува пораст, па така денес истиот брои 20 вработени. И сето ова е со една цел и замисла, да им се пружи на пациентите максимален комфор и нега изведувајќи интервенции од сите сфери на современата стоматологија.