Орална хирургија
Оралната хирургија е специјалистичка гранка на стоматологијата која вклучува низа на хируршки интервенции во оралната шуплина кај пациентите, а најчести се: вадење на заби, хируршко вадење на умници и заостанати корени, апикотомија, цистектомија, подигање на синус и хемисекција.

Оралната хиругија како стоматолошка гранка ги опфаќа најголемиот број хируршки интервенции во или околу устата и вилиците, најчесто практикувани од специјалист во наведената област односно специјалист орален хирург. Во фокусот на оралната хирургија е дијагнозата и хируршкиот третман на болести, повреди и дефекти на меките и тврдите ткива во усната празнина.
Постојат многу состојби кои се индицирани за орално хируршки третман меѓу кои еден од најчестите е отстранување на импактирани заби, особено умници. Други интервенции кои ги извршува оралниот хирург се: апикотомии, кортикотомии, цистектомии, поставување на импланти односно имплантирање, графтирање односно додавање на вештачка коска итн.
За секој третман посебно, индикациите за истиот, начинот на изведување и останати информации, можете да најдете нешто повеќе во деловите „што да очекувате“ и „често поставувани прашања“.

Прв преглед
На Вашата прва посета, оралниот хирург ќе направи темелен преглед и ќе ги одговори сите Ваши прашања во врска со постоечкиот проблем. Дополнително, панорамска снимка и локални рентген снимки на забите ќе се направат за докторот да ги добие сите потребни информации. Потоа, ќе Ви бидат објаснети сите предности и недостатоци во врска со интервенцијата и што треба да направите како подготовка за истата. Докторот ќе Ви постави прашања во врска со Вашата општа здравствена состојба и претходни медицински интервенции и/или проблеми кои сте ги имале, како и за медикаменти кои редовно ги примате.
Подготовки за операцијата
Вообичаено докторот објаснува се што треба да знаете при првата посета, но општо правило е дека пациентите не треба да се гладни пред интервенцијата, бидејќи не смеат да јадат 2 до 3 часа после тоа. Пациентите кои примаат редовна терапија за некој друг медицински проблем, би требало да се консултираат со хирургот однапред дали е неопходно да се направат модификации во дозирањето на медикацијата.
Што се случува за време на процедурата?
Прво ќе Ви биде објаснет хируршкиот протокол и што ќе се направи за време на операцијата. Потоа, се аплицира локален анестетик и се дезинфицира устата и кожата по потреба. Потоа, хирургот започнува со операцијата и во зависност од комплексноста на истата може да асистираат уште еден или двајца доктори. Стоматолошката сестра ќе биде присутна во текот на целата операција, за да им обезбеди на докторите се што им е потребно. Откако интервенцијата е завршена, хирургот ќе Ви објасни како да се грижите за раната и што треба да правите во текот на следните неколку дена. На пациентите им се даваат и постооперативни инструкции. Доколку е потребно, докторот ќе Ви препише антибиотици и аналгетици за да се спречи бактериска контаминација на раната и да се олеснат постоперативните тегоби.
Колку време е потребно за заздравување
Различни операции имаат различен временски период неопходен за комплетно зараснување на раната. Едноставните екстракции вообичаено не се проследени со болка и оток, но при покомплицираните, може да се јави блага до умерена болка и отежнато голтање во период од неколку дена. Ако е очекувано да се јави болка, докторот препишува антибиотска терапија, како и лекови против болки. Повеќето пациенти можат да продолжат со нормалната дневна рутина 24 часа по операцијата.
Дали треба да очекувам болка по операцијата, и што можам да превземам за истата?
Блага до умерена болка се очекува при покомплицирани операции, кога се очекува поголема загуба на коскено ткиво. Аналгетици како ибупрофен му помагаат на пациентот полесно да ја издржи болката. Во повеќето случаи, болката не трае повеќе од 2 до 3 дена.
Контролни прегледи
Во зависност од видот на интервенцијата и дијагнозата на примарниот проблем, пациентите се закажуваат за контролен преглед по еден или два дена, како и по 7-14 дена подоцна. Пациентите кои имаат конци на раната треба да одржуваат добра орална хигиена и да дојдат повторно за вадење на конците помеѓу седмиот и четиринаесетиот ден.

Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.