КОГА ЗАБИТЕ СЕ ТРОШАТ?

„Што се случи со моите заби?“, „Како успеав волку да се променам?“, „Ех, колку убава насмевка имав на времето. Едноставно не знам што се случи.“
Сигурен сум дека одреден број на луѓе ќе се пронајдат во една или повеќе од претходно наведените прашања. Исто така сум сигурен дека има многу други вакви реторички прашања, кои дел од луѓето си ги поставуваат самите себе.
Но има една работа во која сум апсолутно сигурен, бидејќи е докажан факт. Забите се трошат низ животот. Кај некого повеќе, кај некого помалку. Но забите, односно забната глеѓ или емајл, се троши и на тој начин доаѓа до промена на начинот на гризење, на оклузијата односно загризот, на функциите на говор и на мастикација како и на самиот изглед на забалото и секој заб посебно.
Ова трошење може да предизвикано од различни причинители, па према тоа имаме и различни поими соодветни за секој од причинителите.
Атриција — трошење при контакт меѓу забите, кое може да биде изразено при шкрипење.
Абразија — механичко трошење од надворешни фактори, како агресивно четкање.
Ерозивно трошење — губење забна структура под влијание на киселини од исхраната или желудочен рефлукс.
Овие фактори често дејствуваат заедно. Затоа лекувањето започнува со утврдување и контрола на причините: изгубената забна структура не се обновува сама.
Во почетокот, трошењето кое всушност настанува бавно, низ годините на животот не е пропратено со болка, туку само со механичко оштетување на забалото. Во напредните фази, болката се појавува како симптом кој всушност укажува на исклучителен степен на напреднатост и како фактор кој најчесто бара екстензивен третман.
Изразената истрошеност заслужува проценка и кога не предизвикува болка. Целта е да се зачува преостанатата забна структура и, кога е потребно, да се обноват формата на забите и функцијата на загризот.
Кога е потребна рехабилитација?
-Кога трошењето напредува или ги нарушува изгледот, џвакањето, говорот или удобноста. Кај стабилна состојба може да бидат доволни превенција и следење.
Каква е улогата на коронките?
-Ги заштитуваат ослабените заби и ги обновуваат формата и функцијата, усогласено со загризот.
Зошто понекогаш се подигнува загризот?
-За да се создаде простор за реставрациите со минимално брусење и да се воспостави функционален загриз. Во одредени случаи, преку подигнувањето се рехабилитира иницијалната позиција на ТМЗ. Потребата се проценува индивидуално.
Како влијае врз виличниот зглоб (ТМЗ)?
-Рехабилитацијата се планира со проценка на зглобовите и мускулите. Коронките и подигнувањето на загризот не се докажан самостоен третман за зглобни тегоби.
Што ако проблемот се занемари?
-Активното трошење може да ги продлабочи оштетувањата и да го загрози опстојувањето на забите. Потребата за третман зависи од состојбата, не само од возраста.
Како се обезбедува долгорочен резултат?
-Со правилно планирање, контрола на причините, добра хигиена и редовни прегледи, а при бруксизам — заштитна шина по проценка.
Ако забите ви се скратуваат, се кршат или го менуваат изгледот, навремената проценка помага да се избере соодветниот пристап — со цел зачувување на природните заби и удобно џвакање во годините што следуваат.

Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.