Имплантологија

Имплантологија

Имплантологијата е гранка на стоматологијата посветена на денталните импланти, кои се артефицијални ,,корени’’ на заби и ги заменуваат изгубените заби.

Имплантологијата е гранка на стоматологијата посветена на дентални импланти. Дентален имплант е вештачки корен на заб кој оралниот хирург или имплантолог го поставува во Вашата вилица, за да на него се постави нов заб или мост. Денталните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо здравје кои изгубиле еден или повеќе заби заради пародонтална болест, повреда, или некоја друга причина.

Иако се смета за напредна технологија, денталните импланти се поконзервативни во однос на зачувувањето на природните заби од класичните мостови, бидејќи имплантите не се потпираат на соседните заби. Тие се титаниумски штрафови кои се поставуваат во коската, и врз нив се поврзуваат коронки или мостови со помош на абатмент, дел кој е конектор помеѓу имплантот и мостот или коронката.

Всушност денталните импланти даваат толку природен изглед што ќе заборавите дека воопшто сте изгубиле заб. Тие се заби кои изгледаат и се чувствуваат како свои. Прочитајте повеќе за имплантите во деловите “Што да очекувате” и “Прашања и одговори”.




Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
Имплантологија | Dental Clinic Margita Smileva