Ласерска стоматологија
Ласерската стоматологија е современ метод кој употребува ласер и најчесто е употребувана при третман и оформување на гингивите, ендодонтски третман, орално хируршки интервенции.

Ласерската
стоматологија е релативно нов пристап на изведување на стоматолошки процедури,
кој вклучува употреба на ласери за третман на повеќе дентални состојби и
заболувања. Редовно започнал да се користи во стоматологијата во 1980тите.
Ласерската
стоматологија нуди можност за поудобен третман за голем број стоматолошки
интервенции на меките и тврдите ткива во споредба со конвенционалните алатки.
ЛАСЕР
е кратенка за “light amplification by the stimulated emission of
radiation.” (светлосна амплификација преку стимулирана емисија на
радијација). Инструментот создава светлосна енергија во еден тесен и
концентриран зрак. Ова ласерско светло предизвикува реакција кога стапува во
контакт со ткивото и овозможува ткивото да се отстрани или ремоделира.
Во
нашата ординација, ласерот се користи во повеќе процедури, вклучувајќи ги:
•третман на хиперсензитивност на забите
•третман на заболувања на непцата
•дезинфекција при ендодонтско лекување на забот
•реобликување на гингивата (гингивектомија)
•детекција на кариес
•продолжување (елонгирање) на коронката на забот
•третман на херпес и афти
•помали хируршки интервенции
•стимулација на развој на папилите
Ласерите
можат да ги направат стоматолошките интервенции поефикасни, поефтини и поудоби,
едновремено правејќи ги побезболни.
Што да очекувате?
Ласерскиот третман се користи во повеќе стоматолошки процедури. При речиси сите интервенции има потреба од локален анестетик. По апликацијата на анестетикот, на пациентот, докторот и асистентот се даваат заштитни очила. Сите останати треба да излезат од просторијата од безбедносни причини.
По третманот
Во следните денови по интервенцијата се очекува гингивата на пациентот да има потемнета боја, додека епителот не заздрави. Болка не се очекува по третманот, а на некои пациенти се дава гингивален дел за побрза реепителизација. Важно е да се напомене дека успехот од ласерските третмани варира за секој пациент индивидуално. Во некои случаи, процедурата треба да се повтори повеќе пати.

Што претставува ласерската стоматологија?
Ласерот е апарат кој создава зрак на концентрирана светлина кој кога е насочен кон устата на пациентот овозможува стерилизација на инфицирана област, имедијатно затворање на крвните садови, па така ја минимизира болката и крварењето. На тој начин, помага на стоматологот при третирањето на забите со зголемување на ефикасноста и прецизноста. Ласерската стоматологија овозможува поедностаување на стоматолошките третмани каде е индицирана и во многу случаи ја намалува и потребата за употреба на анестетици.
Зошто ласерска стоматологија?
Ласерската стоматологија има 2 големи предности. Првата е дека го прави третманот попрецизен и поточен. Втората е што ја намалува болката и крварењето, за време на интервенцијата, како и по неа.
Кои процедури се изведуваат со ласерска стоматологија?
Постојат повеќе интервенции кои може да се изведуваат со помош на ласер, како реобликување на непцата, белење на забите, детекција на кариес, дезинфекција при ендодонтски третмани, третман на афти и херпес итн.
Колку време трае заздравувањето по ласерскиот третман?
Времето за заздравување зависи од типот на процедура која е изведена, одговорот на организмот во однос на тоа колку брзо заздравува по повреда или операција и слично. Но во повеќето случаи, заздравувањето трае доста кратко.
Колку се прецизни ласерите?
Главната причина зошто ласерите се користат во стоматологија е тоа што ја зголемуваат прецизноста и ја намалуваат големината на инцизиите. Сите ласерски инструменти се попрецизни.
Кои се придобивките на ласерската стоматологија?
Постојат повеќе придобивки од ласерската стоматологија:
•Стоматологот не користи машина за стругање на забите, со што интервенцијата е помалку болна за пациентот
•Во многу случаи, се намалува потребата од анестезија
•Употребата на ласерот го прави целиот процес попрецизен
•Во споредба со постарите третмани, времето за заздравување е исто така побрзо
•Се намалува бројот на бактерии во заболените меки ткива како и во забните кавитети
•Помало крварење за време и по интервенциите
Дали е ласерот безбеден?
Апсолутно. Една од целите на воведувањето на ласерот во стоматологијата е да се зголеми безбедноста и квалитетот на изведените процедури.

Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.