КАЖЕТЕ И ЗДРАВО НА ВАШАТА НОВА НАСМЕВКА СО E-MAX ФАСЕТИ И КОРОНКИ

КАЖЕТЕ И ЗДРАВО НА ВАШАТА НОВА НАСМЕВКА СО E-MAX ФАСЕТИ И КОРОНКИ

Пишува: Д-р Стефан Николовски

Секој човек сонува за совршена насмевка.


Меѓутоа, честопати одредени проблеми со забите како поткршени рабови, пребојувања и пигментации, лоша форма и поставеност на забите, одредени структурни аномалии, абрадирани (истрошени заби) поради лоши навики итн, може да доведат до ситуации кога Вие избегнувате да се смеете. Притоа, рутинските интервенции како редовно професионално чистење на забите и пломбирање, не можат да излезат во пресрет на корекција на ваквите недостатоци. Но, не грижете се. Кога се потребни вакви, па и доста посериозни интервенции, како изгубени заби, стоматологот е оној кој може да го надмине проблемот со изработка на протетско решение. Со протетиката, Вашата насмевка може да изгледа подобро од било кога. Без разлика дали имате скршени или заболени заби, стоматологот може да направи план за лекување дизајниран според Вашите потреби. Ако имате заби што недостасуваат, решенија од типот на импланти, мостови и протези можат да се изработат за пополнување на празните простори, додека пак надоместоци од типот на фасети и коронки се идеални кога треба да ги покриете забите со лоша форма, кои се оштетени или премногу мали.

Стоматолозите и забните техничари се во постојана потрага по материјали кои максимално ќе го имитираат природниот изглед на забот нудејќи извонредна естетика, висока цврстина и ефикасност. За таа цел, постојат многу стоматолошки материјали што можат да се користат за покривање на оштетениот заб и обновување на Вашата насмевка и самодоверба. Еден од тие материјали кој што може да се примени во голем број од ситуациите кои ги предизвикуваат естетските и функционалните недостатоци на забалото и се вбројува во најдобрите на пазарот е Е-max (литиум дисиликатен порцелан), за кој ќе биде објаснето во продолжение на овој текст.

 

 

E-max претставува безметална алтернатива на протетските изработки, изработен од литиум дисиликатна керамика односно порцелан, кој е еден од најпознатите и најчесто користени видови на стаклеста керамика во стоматолошката протетика. Ова е високо естетски материјал кој поседува голема цврстина, кој најчесто е индициран за изработка на поединечни коронки, фасети, инлеи, онлеи и оверлеи особено во естетската регија – предните заби. Протетските надоместоци изработени од литиум дисиликатната керамика E-max се биокомпатибилни со забот и околните ткива и не предизвикуваат воспаленителна реакција на истите. Дополнително на претходно споменатото, овој материјал поседува и други особини кои го носат чекор понапред од другите што се користат во стоматолошката протетика. Тие особини се: потврдена висока стабилност и сигурност на материјалот, извонредна флексибилна цврстина, исклучителна естетика - особено за предниот регион, сеопфатен опсег на транспарентност и нијанса,  изработка на исклучително тенки фасети (0,3 мм) и атхезивно цементиран коронки (1,0 мм), што овозможува максимално штедење на забна супстанца при препарацијата и подготовката на забот.

Индикациите за примена на овој материјал се следни:
·       Пребоени заби
·       Корекција на структурни промени на забите
·       Корекција на положба на забите
·       Заштита на претходно ендодонтски лекувани авитални заби
·       Замена на стари и големи пломби
·       Трауматски оштетувања на забите

Изработката на E-max коронка е апсолутно безболна постапка која трае 4-5 дена. Кога ќе дојдете во нашата стоматолошка ординација, ќе разговараме за тоа какви се Вашите очекувања и желби и што можеме ние како стоматолози да направиме за тоа. Можеме да зборуваме за промените што сакате да ги направите, а исто така може да ни покажете слика од Вашата насмевка од соништата! Заедно можеме да одлучиме за формата, големината и бојата на Вашите посакувани заби. Една од предностите на E-max коронките, како што споменавме и претходно, е дека тие бараат минимална подготовка на природните заби, што ни овозможува да ја задржиме нивната природна структура. Откако нашиот стоматолог ќе го подготви забот за коронката, забниот техничар техничар кој е сертифициран за работа со E-max коронки, може да дојде и да ги проучи барањата и очекувања за коронката.

 

 

Во моментов има клинички студии со проценети податоци кои укажуваат на тоа дека E-max коронките односно фасетите во 97% од случаите успешно опстојуваат во период од 12 години. Иако денес во нашата земја, цирконијата е најчесто употребуван безметален материјал и е слична по функционалност, разликата помеѓу цирконијата и E-max е во тоа што E-max литиум дисиликатната керамика е повеќе транспарентна од цирконијата што значи дека е поестетска. Токму затоа бидете внимателни кога го одбирате материјалот на Вашите идни коронки, односно фасети.

Доколку сакате блескава насмевка, контактирајтѐ не. Ние ќе ја смениме Вашата насмевка, а Вие Вашиот живот.

Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
КАЖЕТЕ И ЗДРАВО НА ВАШАТА НОВА НАСМЕВКА СО E-MAX ФАСЕТИ И КОРОНКИ | Dental Clinic Margita Smileva