Д-р Алики Лазаревска е ко-основач на нашата клиника и е специјалист по ортодонција.
Позната по својата емпатија и грижлива природа, смиреноста и пасијата за работа.
Покажува особен интерес за лингвална ортодонција, скелетна анкаража со мини импланти и терапија со Clear Aligners. Континуирано учествува на повеќе ортодонтски конгреси како автор и коавтор на стручни трудови. Непрекинато се усовршува на разни стручни курсеви од областа на ортодонцијата, особено од полето на терапијата со самолигирачки брекети ,лингвална ортодонција и дисфункции на темпоромандибуларен зглоб. Член е на Европското Ортодонтско Друштво (EOS).
Во слободното време се посветува на семејството и на добра книга.


Алики Лазаревска
Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.

